Барселона и Џирона се договорија за Тер Штеген

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген ќе брани во Џирона до крајот на сезоната како позајмен од Барселона. Двата клуба постигнаа договор околу позајмица на искусниот германски голман, откако го загуби местото во каталонскиот клуб.

За Тер Штеген нема иднина во Барса, со оглед дека неприкосновен меѓу диреците е Жоан Гарсија, а втор избор Војчех Шчесни, и затоа Тер Штеген мораше да си бара нова средина, за да брани и да се наметне кај селекторот Јулијан Нагелсман за престојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.

Џирона, пак, претходно се ослободи од Доминик Ливаковиќ, за да ослободи место за Германецот.

Се вчитува...