Барселона и Евертон пионери во битката на женскиот фудбал за еднаквост

Премиерлигашот Евертон и шампионот на Примера, Барселона се двата клуба кои прават историски чекори кон храбриот нов свет во развојот на комерцијалните можности, но  и кон зголемувањето на еднаквоста меѓу машкиот и женскиот фудбал. Евертон стана првиот професионален клуб во Англија кој што промовраше нови дресови користејќи ги ѕвездите од женската секција. Барселона  пак објави дена нивната женска екипа ќе му се приклучи на составот на Ернесто Валверде на предсезонската турнеја во САД. Ова се смета за револуционерен потег и ново позиционирање во односите меѓу половите ов фудбалот.

Овие чекори на Гудисон Парк и на Ноу Камп се сметаат за пионерски во долгото патување кон поголема еднаквост, а се резултат на долгороачната кампања што ја почна „Women in Football“. Ова е организација во која работат жени инволвирани во фудбалот, а кои се обидуваат да го кренат нивото на женскиот фудбал и што е можно повеќе да го приближат до на машкиот и во квалитетот, но и во третманот.

 

Се вчитува...