Барселона официјално и го продолжи договорот на својата млада ѕвезда Фермин Лопез до 2031 година.
Фермин Лопез потекнува од младинската школа на Барселона, шанса во првиот тим доби до 2023 година и фантастично ја искористи наметнувајќи се како еден од најдобрите во составот.
Оваа сезона настапи на 15 натпревари во Ла Лига каде постигна четири голови и забележа четири асистенции, додека во Лигата на Шампионите постигна пет голови и три асистенции на седум натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

