Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го продолжи договорот со клубот на уште една сезона до летото 2027 година, пренесува Marca. Изданието пишува дека страните веќе се договориле за продолжување на договорот по преговорите одржани во последните денови.
Се очекува новиот договор и официјално да стапи во сила по крајот на сезоната. Двете страни се обединија околу мислењето дека во моментов тимот на Барса треба целосно да биде фокусиран на преостанатите клучни натпревари од тековната кампања.
Флик со Барса се најде пред освојување на титулата во Ла Лига, а тимот се пласираше и во финалето на Купот. Исто така стигна и до полуфинале во ЛШ, каде во двомеч против Интер ќе се бори за пласман во големото финале, и трофејот во најелитното европско натпреварување.
Флик претходно изјави дека сака договорите да ги продолжува на една година, а не долгорочно. Затоа неговиот актуелен договор е до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА