Барселона и Манчестер јунајтед се во трка за ангажман на играчот од средниот ред на Монако, Бернардо Силва. Тој блесна во полн сјај во дресот на „кнезовите“ оваа сезона и веднаш го привлече вниманието на големите европски клубови. Дојде од Бенфика во 2014 година и се наметна како врвен креатор на играта на Монако, а има само 22 години.
Шпанските медиуми информираат дека спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез, неколку пати ги следел игрите на Бернардо Силва, а последен пат на дуелот меѓу Монако и Ница.
Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, исто така го следи Бернардо Силва и по португалска линија сака да го доведе на „Олд трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА