Шпанскиот и италијанскиот првак, Барселона и Јувентус, се вклучија во сериозна трка за францускиот репрезентативец Нголо Канте. Додека членот на Челси се подготвува за настап на денешното финале на Светското првенство со селекцијата на „триколорите“, двата клуба кројат планови како да го ангажираат Канте во овој летен преоден рок.
Претходно и Пари Сен Жермен испрати понуда за Канте, со намера да го врати во родната земја за сума од 100 милиони евра. Барселона и Јувентус исто така се подготвени да платат отштета за францускиот играч за врска, надевајќи се дека тој ќе сака елитен фудбал во Лигата на шампионите.
Челси не успеа да обезбеди пласман во ЛШ за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА