Екипата на Барселона е многу блиску до продолжување на договорот со Жил Кунде. Десниот бек постигнал начелен договор за нов договор со важност до 2030 година, и зголемување на платата.
Барселона е задоволна од игрите на Кунде, а Французинот е среќен и сака да продолжи со клубот. Актуелниот договор на Кунде со Барселона истекува во 2027 година.
Кунде дојде во Барселона во 2022 година од Севиља. Претходно настапуваше за Бордо, од каде потекнува. За Франција има одиграно 40 натпревари и без постигнат гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА