Барселона и Манчестер сити влегуваат во трка за потписот на фудбалерот на Јувентус, Родриго Бентанкур, пренесуваат медиумите во Италија. Уругваецот кој летово наполни 22 година, стигна во Јувентус од Бока Јуниорс во 2017 година за сума од 12.5 милиони евра.
Минатата сезона беше одлична за Бентанкур кој за „Старата дама“ забележа 40 настапи на кои постигна два гола. Јувентус веќе еднаш одби понуда од Манчестер сити, а покрај англискиот гигант сега во игра влегува и Барселона која во спротивен правец би го понудила Иван Ракитиќ кој е незадоволен на „Камп ноу“. Тој сезонава за торинскиот клуб запиша девет настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА