Барселона и Реал Мадрид влегуваат во нова војна. И двата великана во јануарскиот преоден рок во своите редови сакаат да донесат ист фудбалер. Се работи за 23-годишникот шпански фудбалер Фабијан Руиз кој моментално настапува за Наполи. Техничкиот секретар на Барселона, Ерик Абидал неодмана беше во Италија и го следеше мечот на Наполи против Лече, додека од Реал Мадрид бараат фудбалер од средниот ред, откако не успеаја во своите редови да ги доведат Погба и Ериксен.
Руиз кариерата ја почна во Реал Бетис, а по само 59 одиграни натпревари за првиот тим, минатото лето за 30 милиони премина во Наполи. На 40 натпревари за калчолигашот постигна 7 гола, а од почетокот на тековната запиша 8 настапи и 1 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА