Барселона и Сити приредија спектакл во Орландо, па пеналите го решија победникот (ВИДЕО)

Четири гола, и трет пораз на Манчестер Сити во турнејата во САД. Граѓаните беа поразени од Барселона на пенали, откако регуларниот дел заврши без победник 2-2.

На теренот во Орландо продефилираа многу млади играчи и на двете страни. Пау Виктор донесе предност за Барселона, а Ник О’Рајли израмни. Пабло Торе пред крајот на полувремето донесе нова предност за Барселона.

Во вториот дел Џек Грилиш израмни, а победникот се решаваше по изведувањето на ударите од белата точка, каде Сити промаши два од трите удари, со што Барселона славеше со 4-1.

На теренот се појавија Џејден Хески, син на прославнеиот Емил Хески. Сити претходно загуби од Милан и од Селтик.

Се вчитува...