Кошаркарите на Барселона ја победија Олимпија Милано со 74:69 во 7. коло од Евролигата.
„Каталонците“ играат сезона со доста осцилации, па видовме дека беа убедливо поразени од Хапоел и доста се мачеа против Валенсија, додека го победија Панатинаикос во Атина. Како што играат и на почетокот на Евролигата, така и беше нивниот настап и против Милано. Славеа драматична победа над италијанскиот тим.
Барселона успеа да триумфира по многу проблеми во играта во текот на 40 минути и сега имаат 4 победи и 3 порази, а Олимпија е на 2-5.
Вил Клајбурн беше најефикасен со 17 поени и 5 скока, а Јан Весели исто така беше одличен со 14 поени и 5 скока, додека Кевин Пантер имаше 13 поени, а Шенгелија имаше 11 поени, како и Саторански, при што Чехот даде 7 асистенции.
Басконија на домашен терен успеа да го совлада тимот на Дубаи со 92-85 на крилата на Луау Кабаро кој постигна 25 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА