Барселона идната сезона ќе биде „Ајакс во мало“: Уште еден играч пред трансфер на „Ноу Камп“

Барселона идната сезона најверојатно ќе има сосема нов лик, со цел тимот да се врати на шампионските патеки. Веќе е јасно дека во Барселона доаѓа Франк Кеси од Милан како засилување во средниот ред, а на праг е да донесе уште еден дефанзивец. Трансферот на Андрес Кристенсен од Челси и натаму не е комплетиран, но на пат кон Барселона е стопер од Ајакс.

Станува збор за аргентинскиот интернационалец Лисандро Мартинез кој наводно веќе бил договорен со „каталонците“, што дури почнал да бара дом во Барселона. Оваа сезона Маринез одигра 36 натпревари за Ајакс, и во моментов цената му е 30-35 милиони евра.

Мартинез е висок само 175 сантиметри, но станува збор за брз дефанзивец, а исто така Чави би можел да го користи и како последен играч за врска, но може да игра и како лев бек. Мартинез би требало да биде замена за некој од Клемент Ленгле и Самуел Умтити, кои ќе ја напуштат Барса на крајот од сезоната.

Пред трансфер во Барселона од Ајакс се уште и Нусар Мазрауи и Никлас Таљафико кои наводно се веќе договорени и ќе треба да го облечат дресот на каталонскиот тим.

Се вчитува...