Барселона им одржа лекција на „кралиците“ во женското „Ел класико“ (ВИДЕО)

Фудбалерките на Барселона направија голем чекор кон полуфиналето во женската Лига на шампионите откако вечерва славеа на гостувањето кај Реал Мадрид со 2-6 во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч.

Гостинките поведоа со 0-1 со голот на Пахор во 6. минута. Веќе во 13. беше и 0-2 откако прецизно стрелаше Бругтс. Домаќинките намалија на 1-2 преку Каиседо во 30. минута, а до крајот на првиот дел беше 1-3 со погодокот на Паредес во 32. минута.

Пахор со својот втор гол зголеми на 1-4 во 57. минута, а со голот на Лопез во 64. минута беше и 1-5. Каиседо со својот втор гол во 66. минута намали на 2-5, додека конечните 2-6 ги постави Путељас од пенал во 89. минута.

Real Madrid W 2-[6] Barcelona W – Alexia Putellas penalty 89'
byu/Meladroit10 insoccer

Се вчитува...