Барселона има 12-годишно „чудо од дете“ високо 208 сантиметри кое е веќе на НБА радарот (ВИДЕО)

Дванаесетгодишниот бисер на Барселона, Мохамед Дабоне го привлече вниманието на кошаркарската јавност. Овој млад кошаркар висок 208 сантиметри роден во Буркина Фасо веќе е и на радарот на НБА скаутите кои го гледаат како наследник на Јанис Адетокумпо и Виктор Венбејама.

Дабоне постигнува поени, асистира, пренесува топка и има одлична контрола, а на врвно ниво е и во одбраната. Неодамна го доби признанието за најкорисен играч на турнир за кошаркари до 15 години откако во финалето против Реал Мадрид постигна 25 поени, 14 скокови и шест блокови за победа на Барселона од 61-59.

Се вчитува...