Барселона ја доби драмата со Макаби Тел Авив, Реал убедливо против Алба Берлин

Кошаркарите на Барселона ја добија драмата во 9. коло од Евролигата, триумфирајќи со 90-92 на гостувањето против Макаби Тел Авив.

Во крајно израмнет натпревар, на полувреме се замина со 51-51. Во продолжението Барса беше поуспешна во одбраната па само детали одлучија за конечната победа. Низ тесна завршница Лапровитола на една минута пред крајот донесе предност од 90-91 за каталонскиот тим.

Токму Лапровитола со 23 поени беше најдобриот поединец кај Барселона, а Болдвин со 19 поени беше најдобриот кај Макаби. Абрињес постигна 16 поени кај Каталонците.

Панатинаикос, пак, триумфираше убедливо со 90-73 против Валенсија. Реал Мадрид убедливо, без никаков проблем, славеше со 99-75 против Алба Берлин. Хезоња беше без конкуренција најдобриот на мечот со 24 постигнати поени за триумф на својот тим.

Се вчитува...