Ракометарите на Барселона ја добија големата дерби пресметка против Веспрем со 30-31 во 9. коло од Групата Б во Лигата на шампионите.
Во „трилерот“ во Веспрем, на крај каталонскиот тим со гол во последните секунди дојде до победата иако и Унгарците имаа предност во поголемиот дел од второто полувреме.
Гомез со осум гола беше извонреден во составот на Барселона, а Ремили со шест погодоци беше, пак, најдобар кај домашните. Сега, Барселона се издвои на врвот во Групата Б со победа повеќе од Веспрем.
Во Групата А, Кил дојде до победа со ПСЖ по одлично одиграното прво полувреме кое го доби со 15-10. Французите се вратија во игра во вториот дел за крајно неизвесна завршница, но сепак со два гола во последните две минути Кил дојде до триумф од 26-24.
Најефикасен кај Кил беше Екберг со пет гола, а кај ПСЖ не помогна ниту одличната партија на Метју Гребил кој заврши со шест постигнати погодоци.
Со оваа победа Кил се врати на водечката позиција во Групата А, со еден бод предност во однос на второпласираниот Алборг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА