Барселона ја искористи кризата на Париз

Барселона со убедливи 85-69 славеше на гостувањето кај Париз во 16. коло од Евролигата. „Каталонците“ ја искористија кризата на францускиот тим, кој го запиша петтиот пораз по ред во најелитното европско клупско натпреварување.

Уште од стартот на мечот, гостите наметнаа свој ритам и дојдоа брзо до солидна предност, која на полувремето изнесуваше и 23 поени разлика, за малото опуштање во третиот период да не ја загрози победата.

Пантер постигна 21 поен, Клајбурн 19 во триумфот на Барса на ова гостување, додека кај Париз најефикасен беше Хифи со 16 поени.

Се вчитува...