Барселона е пред повлекување од проектот Суперлига, пренесуваат шпанските медиуми. Се очекува претседателот Жоан Лапорта да го соопшти ова на прес-конференција.
Каталонците, заедно со Реал Мадрид и Јувентус, беа единствените кои продолжија да се борат за амбициозниот план да создадат конкурентно натпреварување на Лигата на шампионите, во кое би играле само најпопуларните европски клубови. Сепак, тие се судрија со УЕФА и ФИФА, а на крајот излегоа на суд.
Барселона има сериозни проблеми со нивната финансиска нестабилност, која најверојатно ќе биде подобра, псобено што клубот веќе се обидува да го врати Лионел Меси.
Што ќе се случи со целиот проект на Суперлигата зависи од претстојната пресуда на Судот на правдата на Европската унија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА