Претседателот на Барселона, Жозе Бартомеѕ соопшти што ќе направи клубот, кој 24 пати бил шампион на Шпанија и 29 пати го освоил Купот на оваа земја, доколку се спроведе одлуката на каталонскиот народ за отцепување од Шпанија.
Повеќе од 90% Каталонци кои гласаа на референдумот се за независност. Поточно, од 2.262.424 референдумски листови кои шпанската влада не успеа да ги заплени, 2.020.144 биле за независност.
Каталонските власти тврдат дека вака изразената волја на народото е обврзувачка за отцепување и прогласување на независна и суверена Каталонија. Шпанија, пак, не го признава референдумот и резултатите и најавува дека наскоро ќе ја укине широката автономија за Каталонија која ја има.
Сето ова секако го следи и раководството на Барселона. Бартомеу по состанокот на управата изјави:
„Во случај на независност, клубот и неговите членови ќе одлучат во која лига ќе играме“.
Англиските и француските медиуми пишуваат дека Барселона веќе ја разгледува опцијата да игра во Премиер лигата во Англија или во Лига 1 во Франција.
„Минуваме низ тежок, комплициран период. Во зависност од тоа што ќе се случи во општеството, и ние ќе одлучиме мудро и смирено“ – вели Бартомеу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА