Ракометарите на Барселона се освојувачи на третото место на Суперглоуб откако вечерва во малото финале славеа против полски Кјелце со 33-30.
Полјаците одиграа подобро прво полувреме по кое имаа предност од два гола 14-16. Сепак, најтрофејниот европски клуб заигра на високо ниво во вториот дел и на крајот без поголеми проблеми стигна до конечен триумф од 33-30.
Дика Мем со осум погодоци беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Симон Сичко постигна пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

