Кире Лазаров и Борко Ристовски слава уште една рутинска победа со Барселона во шпансклата АСОБАЛ лига. Каталонците кои веќе ја обезбедија шампионската титула, на домашен терен го победија Пуенте Хенил со 37-29 и ја запишаа 28.победа во 28.коло во АСОБАЛ лигата. По триумфот на ракометарите на Барселона им беше врачен и шампионскиот пехар.
Кире Лазаров постигна два гола од шест обиди, со кои стигна до вкупна бројка од 950 погодоци во АСОБАЛ лигата постигнати во изминатите седум години во кои настапуваше прво за Сиудад реал и за Атлетико Мадрид, а во изминатите четири години во дресот на Барселона.
Борко Ристовски го заврши мечот со седум одбрани од кои и еден одбранет седмерец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА