Кошаркарите на Барселона намалија на 2-1 во четвртфиналната серија во Евролигата против Монако, откако вечерва на домашен терен во Блауграна славеа со 100-89.
Гостите беа подобар противник во првиот период, по што следуваше серија на домаќините во вториот период која беше доволна за водство на полувреме од 51-39. Во вториот дел Каталонците го исконтролираа мечот за победа од 100-89 и намалување на 2-1 во четвртфиналната серија.
Четвртиот натпревар на програмата е во петок исто така во Барселона. Вили Хернангомез со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените 20 поени постигна Мајк Џејмс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

