Барселона го доби и вториот четвртфинален натпревар против Фленсбург (27-24) и го потврди својот пласман на Ф4 во Келн каде ќе има шанса да го одбрани трофејот. Каталонците кои славеа во Германија одиграа уште еден одличен натпревар, овој пат на домашен терен и сосема заслужено се најдоа во завршницата на Лигата на Шампионите.
Барселона беше подобриот противник и во првото полувреме во кое во неколку наврати имаше и предност од три гола, но не успеа да ја задржи позитивата па мораше во последните моменти од првите 30. минути да брка изедначување (10-10). Изедначениот меч продолжи и во поголемиот дел од второто полувреме, но сепак домаќините ја оправдаа фаворитската улога во завршницата. Стигнаа до предност од два гола (22-20) и овој пат истата ја задржаа.
Mем беше лидер на Барселона со шест гола, пет додаде Бен Али, додека со четири гола мечот го заврши Циндриќ. Ване беше лидер на Фленсбург со шест гола, додека Гола и Сван броеа до четири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА