Продолжува расправијата во Барселона помеѓу раководството на клубот и капитенот Марк-Андре тер Штеген поради неговата операција на грбот, пишува „Мундо Депортиво“.
Изданието тврди дека самиот голман одбил да даде дозвола клубот да го испрати медицинскиот извештај до Ла Лига , според кој играчот ќе се опоравува најмалку 4 месеци, што би му овозможило да ја искористи неговата плата за регистрација на голем број играчи за тимот. Лути од целата ситуација, директорите на Барселона веруваат дека однесувањето на Тер Штеген им штети на интересите на клубот. Затоа, тие веќе започнаа дисциплинска постапка против голманот, кој би можел да биде казнет според внатрешните прописи.
Сепак, средба за помирување меѓу двете страни е веќе закажана за денес или утре, а раководството на клубот се надева дека германскиот репрезентативец ќе го преиспита својот став и на крајот ќе се согласи да го потпише медицинскиот извештај. Дури и ако тоа не се случи, шефовите на шпанскиот шампион се убедени дека имаат законска основа да го достават спорниот извештај до Ла Лига .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

