Каталонскиот гигант Барселона е пред историска одлука да го продаде името на стадионот „Камп Ноу“, кој во наредниот период ќе биде и комплетно реновиран, за да може да го задржи аргентинскиот интернационалец Лионел Меси во своите редови до крајот на кариерата. Меси е во преговори за нов договор, според кој ќе заработува фантастични 500.000 фунти неделно, а треба да добие и бонус за лојалност од неверојатни 80 милиони фунти.
Сето ова Барселона не може финансиски да го издржи, а во исто време и да ја финансира изградбата, односно комплетното реновирање на стадионот „Камп Ноу“ кое ќе чини 450 милиони фунти. Токму затоа, се размислува за продажба на името на стадионот за најмалку една деценија, што би донело профит од околу 200 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА