Шпанскиот првак Барселона е на прагот на нов голем трансфер кој може да биде окарактеризиран како “кражба”. По Бразилецот Малком, кој беше пред трансфер во Рома, но на крајот заврши на “Камп Ноу”, и чилеанскиот интернационалец Артуро Видал би можел да заврши во редовите на Барса.
Се очекуваше Видал по заминувањето од Баерн Минхен да се пресели во италијанскиот калчолигаш Интер, но во последен момент во трката се вклучи Барселона и Чилеанецот го промени мислењето. Барса ќе плати 30 милиони евра за трансферот на Видал, а тој би можел уште утре да пристигне на лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА