Раководството на Барселона е подготвено да се раздели од Фермин Лопез, изненадувачки информира локалното издание „Спорт“. 22-годишниот играч од средниот ред одигра 46 натпревари за Каталонците во текот на минатата кампања, во кои постигна 8 гола и 10 асистенции, импресионирајќи со своите настапи.
Напуштањето на играчот не е приоритет за Каталонците, но тие се широко отворени за понуди и би разгледале секоја посериозна понуда за играчот, гледајќи во таков договор можност за сериозна заработка, што би дало сериозен поттик на сè уште сериозната финансиска состојба на тимот.
Фудбалерот е проценет на околу 50 милиони евра, а „Камп Ноу“ се надева дека неговата евентуална продажба ќе ѝ помогне на Барселона да се врати на правилото 1:1, што ќе им овозможи да трошат многу послободно на трансфер пазарот, како и да потпишат нови договори за играчи како Жил Кунде , Војчех Шчесни и Марк Касадо, но пред се привлекувањето на Нико Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

