Чави веќе повтори дека нема намера да го менува ставот и летово дефинитивно ќе ја напушти клупата на Барселона, а претседателот Жоан Лапорта би сакал што поскоро да го реши прашањето за тренер на новата сезона, со кого уште од пролетва би се дискутирало за плановите за летни трансфери. Каталонските медиуми најавуваат дека Лапорта ќе инсистира изборот на нов тренер да биде донесе до крајот на овој месец, а главни кандидати во моментов се тројцата германски стратези, Ханси Флик, Томас Тухел и Јулијан Нагелсман.
Флик е единствениот од тројцата што во моментов е без ангажман, а неговиот агент во последните две седмици три пати доаѓаше во Барселона на состанок со Лапорта, подгревајќи ги шпекулациите дека токму поранешниот германски селектор ќе биде изборот за наследник на Чави.
Тухел веќе објави дека летово ќе си замине од Баерн, додека Нагелсман има договор како селектор на Германија до крајот на ЕВРО 2024, двајцата стручњаци се подготвени уште сега да преговараат со Лапорта, но проблем за Барса е што за нив двајца постои сериозен интерес и од Премиер-лигата.
Лапорта не се откажува и се очекува во следните десетина дена да разговара со тројцата кандидати, по што би била донесена конечната одлука околу новиот тренер на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

