Каталонскиот гигант Барселона размислува за нови засилувања во зимскиот преоден рок, иако има одличен старт на сезоната под раководство на Ернесто Валверде. Но, новиот стратег знае дека му е потребен поголем фонд на квалитетни фудбалери за да ги издржи настапите на сите фронтови, па побара од челниците на клубот да му доведат најмалку двајца нови фудбалери.
Валверде сака да ја засили навалната линија со Тимо Вернер, напаѓачот на Лајпциг, а во пакет со него на „Камп Ноу“ би можел да дојде и одбранбениот фудбалер на овој клуб, Дајот Упамекано. Се работи за двајца одлични млади фудбалери кои веќе го покажаа својот квалитет во редовите на Лајпциг. Ако Барселона успее да го доведе и Фелипе Кутињо од Ливерпул, тогаш Валверде ќе има навистина состав за респект, и за освојување на Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА