Барселона ќе почека за враќањето на „Камп Ноу“, ПСЖ ќе го дочека на Олимпискиот стадион

Барселона нема да може да го пречека ПСЖ на „Камп Ноу“, кој и натаму е во изградба. Каталонскиот клуб објави дека натпреварот од второто коло од општата фаза на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен ќе се одржи на стадионот „Олимпик Луис Компанис“ на 1 октомври.

„Клубот продолжува активно да работи за да ги добие потребните дозволи за отворање на Камп Ноу во наредните месеци.“, стои во соопштението.

„ Барселона сака да им се заблагодари на своите членови и навивачи за нивното разбирање и поддршка за време на овој предизвикувачки, но возбудлив процес на враќање на новиот Камп Ноу“, се вели во соопштението на шпанскиот тим.

Барселона натпреварот со Валенсија во шпанската Ла Лига го одигра на стадионот „Јохан Кројф“ кој е со капацитет од околу 6.000 гледачи, терен кој Барса го користи за тренинзи.

Се вчитува...