Каталонскиот гигант Барселона сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок, а тренерот Ернесто Валверде размислува и за други опции, доколку раководството повторно не успее да го доведе Фелипе Кутињо од Ливерпул. Тој остана на „Енфилд роуд“ и минатото лето, откако англискиот премиерлигаш не дозволи трансфер на Бразилецот. Истото се очекува да се случи и во јануари, па Барселона веќе го има следниот „пик“.
Германецот Месут Озил е желбата на Ернесто Валверде. Неговата ситуација е многу поизгледна за трансфер во јануари, со оглед дека договорот со Арсенал му истекува во јуни 2018 година. Клубот сигурно ќе сака да заработи одредени средства за продажба во зимскиот преоден рок.
Озил во минатото настапуваше за Реал Мадрид, па евентуалниот трансфер во Барселона секако ќе предизвика големо внимание во јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА