Барселона конечно го регистрираше Олмо

Барселона конечно ги заврши комплетните процедури за регистрација на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо кој утре се очекува да дебитира во каталонскиот дрес против Рајо Ваљекано.

Барса мораше да се ослободи од уште двајца фудбалери, покрај Гундоган кој се врати во Манчестер сити, за да обезбеди средства во буџетот и да не ги прекрши правилата околу финансискиот ферплеј. Па, денеска Ленгле беше испратен на позајмица во Атлетико, а Роке во Бетис и со тоа се отвори можноста за регистрација на Олмо.

Олмо потпиша договор до 2030 година, а се враќа во клубот точно десет години откако го напушти Б-тимот и се пресели во Динамо Загреб.

Се вчитува...