Барселона повеќе од две години се обидува да го доведе Бернардо Силва, дел од каталонските медиуми оптимистички најавуваа дека овој мегатрансфер конечно ќе се реализира летово, но тоа дефинитивно нема да се случи.
Клаузулата од 60 милиони евра со која Силва е достапен за заинтересираните клубови истекува на 30 јуни, а Барселона поради добро познатите финансиски проблеми се уште не е во можност да тргне во шопинг летово. Жоан Лапорта подготвува нов маневар со продажба на дел од имиџ-правата, а на каталонците слабо им оди и продажба на оние фудбалери кои требаше да заминат за да се отвори нов буџет за ангажман на летни засилувања (Рафиња, Де Јонг, Кунде…).
Силва во последната година неколку пати флертуваше со каталонците, ставајќи до знаење дека е заинтересиран за преселба на „Камп Ноу“. Тој и го одби ПСЖ за да ја остави Барса како приоритет за следна дестинација во кариерата, но веќе станува јасно дека шансите за трансфер летово ќе се сведат на теорија.
Една од причините е и фактот дека каталонците сакаат да ангажираат нов бек, последен играч за врска и лево крило како приоритет за летниот преоден рок, поради што и никогаш не беа почнати поконкретни преговори со Сити и со агентот на Силва.
Едно е јасно, Лапорта нема да седи со скрстени раце по мегатрансферот на Мбапе во Реал Мадрид, но останува да се види каков ќе биде одговорот на првиот човек на Барселона…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА