Барселона купува десен бек од Ајакс

Каталонскиот гигант Барселона тргна во офанзива за ангажман на нов десен бек. Погледите на клубот од „Камп Ноу“ се насочени кон Амстердам каде Кике Сетиен и соработниците го забележаа 19-годишниот Сержињо Дест. Шпанскиот клуб е подготвен да плати 20 милиони евра за да го добие младиот и талентиран фудбалер на Ајакс.

Кике Сетиен мора да бара замена за Нелсон Семедо кој најверојатно ќе го напушти „Камп Ноу“, а интересно е дека Сержињо Дест има само една сезона во сениорскиот погон на Ајакс. Тој е американски репрезентативец, но има и холандски пасош и нема да пополни место на странски фудбалер во Ла Лига. Оваа опција секако уште повеќе оди во прилог за евентуалниот ангажман на младиот фудбалер.

Раководството на Барселона води преговори со Интер за напаѓачот Лаутаро Мартинез, а потоа на ред ќе дојде и трансферот на Сержињо Дест.

Се вчитува...