Барселона доживеа непријатна елиминација во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Рома и тоа веднаш го запали алармот на „Камп Ноу“. Иако каталонскиот гигант цврсто граби кон титулата во Шпанија, јасно е дека оваа сезона нема да биде потполна со раното испаѓање од елитното европско клупско натпреварување. Токму затоа, како и секогаш, се размислува за нови засилувања во редовите на Барса.
Тренерот Ернесто Валверде веќе има „пикирано“ нов дефанзивец. Се работи за стоперот на Севилја, Клемен Ленглет, кој игра одлично оваа сезона во дресот на тимот од Андалузија. Интересно, Ленглет се уште не е француски репрезентативец, но Барселона процени дека 22-годишниот дефанзивец има голем простор за напредок во кариерата и може да одговори на предизвикот. Тој на лето треба да пристигне на „Камп Ноу“ за сума од околу 32 милиони евра, а Барселона ќе се обезбеди за можното заминување на Умтити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА