Барселона купува од Рајо Валјекано

Каталонскиот гигант, Барселона е подготвена да го доведе во своите редови романскиот фудбалер и член на Рајо Валјекано, Андреа Рациу.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, преговорите веќе се во тек, па не би требало да чуди доколку дефанзивецот пристигне на „Камп ноу“ во јануарскиот преоден рок.

Романецот во договорот има откупна клаузула во која стои дека секој клуб може да го купи кога ќе плати 25 милиони евра. И покрај тоа што Барселона е во финансиска криза, сепак оваа сума не треба да претставува проблем за Каталонците.

Се вчитува...