Барселона лесно против Кјелце, Спортинг Лисабон го шокираше Веспрем

Актуелниот шампион Барселона стигна до нова победа во Лигата на шампионите откако вечерва во дерби натпреварот од 3. коло полесно од очекуваното славеше на гостувањето кај Кјелце со  28-32.

Сите дилеми околу победникот каталонскиот тим ги реши во првото полувреме по кое имаше предност од 13-17. До крајот само рутински го приведе мечот за конечен триумф од 28-32.

Неверојатен резултат ни доаѓа од Португалија, каде домаќинот Спортинг Лисабон изненадувачки стигна до убедлива победа над Веспрем од 39-30. Домаќините уште по првото полувреме имаа голема предност (23-17), а до крајот таа само се зголемуваше за конечен триумф од 39-30.

 

Се вчитува...