Барселона стигна до лесна победа на гостувањето во Белград кај Црвена Звезда од 60-72. Каталонците уште од самиот старт покажаа дека нема да му остават никакви шанси на српскиот тим да се надева на победа и на крајот стигнаа до убедлива победа. Кори Хигинс со 14 беше најпрецизен кај Барселона, додека кај Звезда Добриќ заврши со 11.
Во вториот натпревар од програмта од 19 часот Жалгирис Каунас на домашен терен славеше над Олимпијакос со 81-79. Натпреварот цело време течеше во егал, а на крајот посреќни беа домаќините. Жофри Ловерњ со 21 поен беше најдобар кај победникот, додека кај поразените се истакнаа Принтезис и Слукас со по 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА