Барселона „мерка“ уште еден фудбалер на Челси

Откако во текот на летото успеа да ги ангажира фудбалерите Андреас Кристенсен и Маркос Алонсо, Барселона сега мерка уште еден фудбалер на Челси. Станува збор за Нголо Канте кој е на „радарот“ на Каталонците, особено ако си замине капитенот Серхио Бускетс кој има понуди од блискиот и далечниот исток.

Канте во Барселона би можел да дојде бесплатно, со оглед дека идното лето истекува неговиот договор. Но, Барселона има план во јануари да тргне по неговите услуги, и да го земе за одредена сума на пари, а Челси би можела нешто да заработи.

Францускиот фудбалер во моментов е на листата на повредени, па не игра моментално за Челси, но се очекува наскоро да се врати на терените. Се очекува да биде дел од Франција на Мундијалот во Катар.

Се вчитува...