Ракометарите на Барселона дојдоа и до втората победа во новата сезона од Лигата на шампионите, триумфирајќи на домашен терен против унгарскиот ПИК Сегед со 31-30.
Каталонците по првото полувреме имаа 20-12, но гостите успеаја да внесат немир со својата игра во вториот дел и да дојдат до резултатска неизвесност. Унгарците успеаја да се дојдат на само „минус еден“ во 58. минута, но немаа сили за целосен пресврт.
Најдобар поединец кај домашните беше Гомез со пет постигнати голови, додека Шоштариќ постигна осум погодоци за ПИК Сегед.
Магдебург немаше големи проблеми со екипата на Колштад и забележа триумф на домашен терен со конечен резултат 33-25. Најефикасен во победничкиот состав беше Швеѓанецот Лагергрен со осум голови, додека кај Алборг прво име беше Оскарсон, кој запиша пет погодоци.
Претходно Веспрем убедливо со 41-28 триумфираше против ПСЖ. Ваилупау со осум гола беше најдобар поединец кај Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА