Барселона моќна на стартот во ЛШ, во дербито во Нант неверојатни 74 гола, изненадување на мечот кој го судеа Начевски и Николов

Ракометарите на Барселона со победа од 37-32 против дански ГОГ Гудме ја почнаа новата сезона во Лигата на шампионите.

Каталонците, кои се фаворити и за освојување на лигата оваа сезона, водеа во текот на целиот натпревар од самиот почеток. На полувремето беа и со предност од 25-14, но потоа низ нешто полабаво второ полувреме дозволија Данците да се доближат за конечни 37-32.

Во дербито на денот на стартот од ЛШ, Нант загуби на домашен терен од Фуксе Берлин со 34-40, во натпревар со неверојатни 74 гола.

Кијелце го победи Колштад со 38-27, а изненадување на денот е во групата каде игра и македонскиот шампион Е. Пелистер. Висла Плок славеше на гостински терен против ПИК Сегед со 33-34.

Најдобар стрелец кај Висла беше Мелвин Ричардсон со 12 постигнати гола, а кај ПИК Сегед се издвои Марио Шоштариќ со девет гола.

Натпреварот во Унгарија го судеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Се вчитува...