Главна трансфер мета на Барселона е Јулијан Алварез, аргентинскиот голгетер на кој во каталонските редови се гледа како идеално решение. И тоа за долги стази како наследник на Роберт Левандовски.
Но, за Барселона да стигне до овој трансфер ќе и биде потребно чудо. Атлетико Мадрид нема намера така лесно да се откаже од својот голгетер и тоа во полза на ривалот поставувајќи цена од неверојани 200 милиони евра за реализација.
Со оглед на финансиските проблеми со кои се соочува Барселона потребна ќе биде сериозна финансиска „инекција“. На социјални мрежи веќе се појавија шеги дека Барселона ќе мора да го продаде „Камп Ноу“ за посакуваното засилување.
Алварез е мета и на англиските гиганти, но кај него не постои желба да се врати назад на „Островот“. Тој преферира да остане во Шпанија па доколку дојде до можност за заминување од Мадрид, посакувана цел би била токму Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

