Барселона може да остане без победата над Осасуна поради настапот на Мартинез!?

Барселона триумфираше синоќа против Осасуна со 3-0 во заостанатиот натпревар од Ла Лига, но според последните информации би можела да го загуби натпреварот по жалбата која ја најавија од противничкиот табор.

Раководството на Осасуна се жали поради настапот на дефанзивецот Ињиго Мартинез, бидејќи Барселона не го испочитувала правилото на ФИФА за задолжителна пауза на играч кој се повлекол од репрезентацијата поради повреда.

„Ињиго Мартинез настапи нерегулано. Нашите правни застапници укажуваат на фактот дека играч кога ќе ја напушти репрезентацијата поради повреда, не смее да настапи за клубот најмалку пет дена од последниот меч во прозороецот на ФИФА. Исклучок е ако играчот биде ослободен од националниот тим, но не и ако сам побара. Шпанија против Холандија играше во неделата. Тоа значи дека до мечот на Барселона со Осасуна поминале четири, а не пет дена. Осасуна сега истражува дали Мартинез ја напуштил репрезентацијата на свое барање или го ослободил националниот тим“ – пренесуваат Шпанците.

Мартинез не настапи за Шпанија поради повреда на коленото што ја доживеа во мечот против Атлетико, останувајќи да се рехабилитира, но од понеделникот се врати на тренинзите.

Доколку Барселона биде казнета тогаш со минус три бода ќе се израмни со Реал Мадрид на врвот од табелата.

Се вчитува...