Барселона ова лето успеа да надмине голем дел од финансиските проблеми и да собере околку 200 милиони евра за трансфери со кои беа ангажирани играчи како Роберт Левандовски, Рафиња, Џукс Кунде…
Но, тоа донесе и проблем на преголем број на фудбалери во тимот поради кои не можеa да се регистрираaт дел од засилувања без да се прекрши финансискиот фер-плеј на Ла Лига. А, и покрај тоа што со продажба на дел од правата, Барселона успеа да ги регистрација Полјакот и Бразилецот, францускиот стопер кој пристигна од Севилја сеуште не е на пријавната листа.
За надминување на проблемот каталонците се надеваат на заминувања што поскоро, пред излезните врати на „Камп Ноу“ е Пјер-Емерик Обамејанг кој ќе реализира трансфер во Челси, но и Самјуел Умтити за кој веќе поодамна нема место во тимот.
Барселона долго време се обидува да го продаде, а се чини дека ова лето конечно ќе успее во намерата. Според пишувањата на италијанскиот новинат Џанлука ди Мацио, Умтити ќе биде нов фудбалер на калчолигашот Лече.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

