Барселона го продолжува победничкиот чекор во Ла Лига, откако денеска на празниот „Камп Ноу“ го совлада Лас Палмас со 3-0. Поради референдумот за независност на Каталонија и немирите што се случуваат со полицијата, Барселона сакаше да го одложи овој меч, но раководството на Ла Лига тоа не го дозволи, па каталонскиот клуб реши да игра пред празни трибини, за да се избегнат можни инциденти.
Лас Палмас издржа едно полувреме, и тоа најверојатно затоа што Меси и другарите не се навикнати да играат пред празни трибини. Во 49.минута Серхио Бускетс со удар со глава по корнерот што го изведе Меси го постигна водечкиот гол за Барса, а потоа на сцена стапи Аргентинецот и со два гола го докрајчи противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА