Барселона може само да сонува: Халанд ја продолжува верноста кон Манчестер Сити

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Ерлинг Халанд преговара за продолжување на соработката со Манчестер Сити и покрај тоа што неговиот договор е со важност и во следните три години, откриваат англиските медиуми.

Манчестер Сити на фантастичниот Норвежанец му понудил договор со важност до 2030 година со кој треба да се стави крај на гласините за можен премин во Барселона.

Каталонците веќе подолго подготвува финансиски план за ангажман на 24-годишникот, но се чини дека Халанд на „Камп Ноу“ ќе остане само желба на каталонците, барем и во следните години.

Се вчитува...