Барселона му даде отказ на Валверде, нов тренер ќе биде Кике Сетиен

Шпанскиот првак Барселона одлучи да му даде отказ на тренерот Ернесто Валверде. По лошиот настап на каталонскиот тим во Суперкупот на Шпанија, елиминацијата од Атлетико Мадрид уште во полуфиналето на ова натпреварување кое се одржа во Џеда, Саудиска Арабија, раководството одлучи за промена на тренерската позиција.

Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека претседателот Хозеп Мариа Бартомеу и спортскиот директор Ерик Абидал имале состанок со Ернесто Валверде и му ја соопштиле одлуката на клубот за разделба. Официјалната потврда од Барселона треба да биде објавена во 21 часот, а веќе е договорен и наследникот на Валверде.

Нов тренер на Барселона треба да биде Кике Сетиен. Претставниците на стратегот кој од 2017 до 2019 година го предводеше Бетис веќе пристигнаа на „Камп Ноу“ и ги договориле условите со клупското раководство.

Се вчитува...