Кошаркарите на Барселона му го нанесоа првиот пораз на Монако во новата сезона во Евролигата, откако вечерва во последниот меч од 3. коло од новата сезона во елитното натпреварување на домашен терен славеа со 86-71.
Домаќините уште од самиот старт почнаа многу подобро од противникот, па по десет минути игра имаа позитива од осум поени (26-18). Оваа предност успеаја да ја задржат до крајот на првиот дел кој заврши со предност од 47-39.
Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 86-71. Кевин Пантер со 21 поен беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Ели Окобо постигна 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА