Кошаркарскиот клуб Партизан ова лето остана без услугите на својот капитен Кевин Пантер кој по лошата сезона ги промени клупските бои и го облече дресот на Барселона.
А, тој може да не биде единствениот кој ова лето ќе ги замени „црно-белите“ бои со каталонските со оглед на тоа што Барселона изрази голема желба за ангажман и на Бруно Кабокло.
Бразилскиот кошаркар „избега“ од Партизан пред крајот на сезоната и влезе во конфликт со раководството на белградскиот тим кое настојува да го задржи и покрај желбата на центарот да замине од главниот град на Србија. Според шпанските медиуми, каталонците се подготвени да му излезат во пресрет и на Партизан и да го откупат договорот на 28-годишникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА