Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е еден од најдобрите голгетери на сите времиња, но на крајот од сезоната 2022/2023 во Барселона мораше да престане да постигнува голови за неговиот клуб да не мора да му плаќа надомест на Баерн. Ова го откри авторот Себастијан Сташевски во биографијата што ја напиша во соработка со Левандовски.
Левандовски ја коментираше оваа ситуација, и призна дека тоа било вистина.
„Бев свесен за ситуацијата во клубот. Во тој момент Барселона се бореше за секое евро. Финансиски не ме погоди, немав никаков проблем со тоа. Но, постојано се прашував дали треба да давам голови или не“, коментираше Полјакот.
Левандовски се пресели од Баерн во Барселона на почетокот од споменатата сезона за 45 милиони евра. Тој имаше клаузула во договорот според која не смее да постигне 25 или повеќе голови во шпанското првенство, во спротивно Барселона мора да му плати на Баерн дополнителни 2,5 милиони евра.
Барселона имаше финансиски проблеми, челниците на клубот му наредиле кога ќе постигне 23 голови, да престане да дава голови. И тогаш медиумите пишуваа за ненадеен пад на формата, а всушност тоа било наредба од раководството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

